Пакетчиња за децата без родители

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на своите блиски роднини денеска добија на подарок новогодишни пакетчиња од страна на Општина Куманово.

Подароците на 42 дечиња ги врачи градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Повеќе семејства во Куманово се инволвирани во оваа програма. Мене ми е драго што има хуман карактер оваа категорија на луѓе кои успеваат да се справат со проблемот на деца без родители. Ние од општината посветуваме внимание на тоа и би сакал да повторам нека ви е среќна Нова година, да имате среќа и здравје и вие и вашите старатели, луѓе кои се грижат за вас пред се бидјеќи без нив не би имале безгрижно детство и перспектива – изјави Дамјановски.

Како што истакна Марија Милановска од Центар за социјални работи Куманово без згрижувачките семејства не би се псотигнала целта за безгрижно детство на овие дечиња.

Тука се и старатели роднини на дечиња кои останале без родители и родителска грижа и секако и тие се за поздравување, ова е една хумана мисија и не секој може да ја исполни. Треба да се има големо срце, голема храброст, а секако потребна е и поддршка од повеќе институции во таа насока даваме благодарност и на општината затоа што секоја година соработуваат. Скромно колку се може да се помогне, секој од нас со мала помош и поддршка – изјави Милановска.

Ова е хумана, тешка и одговорна работа, вели Суза Величковска која во своето семејство има згрижено четири дечиња.

За мојата седумгодишна работа јас досега имам згрижено десет деца на кои јас им помогнав во момент кога требаше да им се помогне. Се гордеам со нив, за нив се гртижам самата, бидејќи сопругот оди на работа. Да се грижиш за овие деца тоа е доста тешка и одговорна работа, но јас не сум сама, со мене се и социјалните работници, училиштето магдалена антова сите многу ми помагаа т за воспитување на овие дечиња, и директорот и педаготот, учителките, бидејќи многу им треба на овие деца внимание, а најмногу им треба љубов, време, трпение – изјави Величковска.

Инаку ваквата традиција Општина Куманово негува со години наназад, со цел и овие деца да се почувствуваат како дел од општеството.

Коментари

коментар(и)