Пакетчиња за пациентите на Детско одделение

Во пресрет на новогодишните празници , традиционално и годинава градоначалникот Максим Димитриевски во придружба на Дедо Мраз и директорката на болницата Снежана Захариева , подари пакетчиња на сите деца кои што денеска беа на детското одделение во болницата , без разлика дали се хоспитализиарани, во дневна болница или пак на амбулантски преглед. Димитриевски и Захариева им посакаа на децата побрзо и полесно закрепнување и пократок престој во болницата.

-Им посакуваме што побрзо да закрепнат, помалку да доаѓаат овде, да израснат во договорни граѓани, да се грижат за своите родители, за својата држава.Се заблагодарувам  на персоналот на болницата за нивниот несебичен ангажаман да имаме поздрава нација и за услугите кон нашите граѓани, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

-Сите ние посакуваме овој оддел да има помалку пациенти, за жал овдека секогаш е фрекфентно дежурните екипи тука се на располагање 24 часа, седум дена во неделата, да им олеснат на нашите пациенти.  Имаме полно одделение од најмала возраст под една година до предшколски и школски деца, дел амбулантски, дел хоспитализирани, изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово

Началникот на Детско одделение д-р Агрон Сулејмани посочи дека овој оддел периодов е најпосетен односно има поголем број на пациенти за разлика од останатите одделенија.

– Оваа година околу 15.000 деца амбулантни се посетени досега на Детско одделение, а околу 1.400 деца се хоспитализирани и очекуваме сега организацијата на одделот е направена како што треба за да функционираме 24 часа односно 30 или 31 ден во месецот службата да биде организирана за помош на нашите најмили. Ние имаме 4 специјалисти моментално , а имаме и 4 специјализанти што се при крај и мислиме дека досега заедно со директорката и со добра организација веќе одиме кон подобрување  и се надевам дека ќе има уште подобри услови,  изјави д-р Агрон Сулејмани, Детско одделение

Дневно педесетина дечиња доаѓаат на контрола на детското одделение, а дваесетина се хоспитализирани.