Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ одбележува патронен празник. по тој повод утрово надлежните положија свежо цвеќе пред бистата на патронот во дворот на училиштето.
„ Патрониот празник е особен и важен ден, на кој се сеќаваме на нашите корени и традиции. Со гордост го одбележуваме денот кога нашето училиште беше основано, но секогаш со поглед кон иднината. Секој ученик и наставник има важна улога во образованието и развојот на нашиот храм на науката, техниката, напредните технологии, здравјето и знаењето – и зборовите на почит и благодарност се адресирани кон сите кои се грижат за ОСТУ „Наце Буѓони”. Со соработка и посветеност, се надеваме дека ќе продолжиме да го градиме и подобруваме во децениите што следат“, пишува во објавата на ФБ на училиштето.
Патронен празник одбележува и Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“. Вчера во просториите на училишниот кабинет беше одржан натпревар за „Најубава шминка” и „Најубава фризура” . Учествуваа ученици од двата образовни профила- фризер и техничар за козметичка нега и убавина. По повод патрониот празник на училиштето се одржаа и фудбалски натпревари помеѓу учениците .
Денеска по повод патрониот празник и претстојниот Светски ден на храната по претходно распишан конкурс од стана на активите по македонски јазик и литература и англиски јазик беше одржано литературно читање на тема ,,Водата е живот-водата е храна” , информираат надлежните.

