Триесет и осумгодишен кумановец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил.
СВР Куманово информира дека на 13 ноември во 14.00 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ и излез од паркинг простор во Куманово, патничко моторно возило „јагуар“ со охридски регистарски ознаки удрило во кумановецот по што возачот на јагуарот го напуштил местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.