Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013“ во недела на 24 октомври ја реализираше акцијата за пошумување на Козјак.
Пошумувањето беше планирано по повод 11 Октомври, но поради врнежите од дожд беше одложено. Засадени се 500 зимзелени дрвја, во опожарните делови на Козјак.
