Две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила во Пелинце.
МВР информира дека вчера напладне во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“ и патот за с.Драгоманце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со српска национална ознака, управувано од 39-годишен државјанин на Република Србија и мотоцикл „томос“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 61-годишен кумановец.
Во незгодата, соопшти МВР, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, 57-годишна кумановка, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.
