Пожарникарите гаснеле оџак во н. Карпош

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово изминатото деноноќие интервенирале на запален оџак во населбата Карпош. Интервенцијата била во период од 11:30 до 12:15 часот. Во гаснењето учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило, стои во извештајот на РЦУК.