Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатата седмица реализираа превентивни активности на граничните премини „Табановце“ , „Белановце“, „Пелинце“ и „ Деве баир“ , информираат надлежните.
„Полициските службеници на возачите им укажуваа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и потребата од правење на паузи особено при подолги патувања. На возачите им беа поделени едукативни летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила и вода за освежување“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.
