ЈП „Чистота и зеленило”- Куманово ја известува јавноста дека затворениот градски базен Куманово времено ќе престане со работа (од 18.01.2022 година), се до решавање на проблемот со енергетска криза во државата.
Образложение:
Новонастанатата енергетска криза во државата со рапидно поскапување на електричната енергија кон правните субјекти и тоа до 10 пати за електрична енергија и 4 пати за природен гас, не става во ситуација како ЈП да генерираме енормни загуби во секојдневното работење на овој спортски комплекс и истиот сме приморани да го ставиме вон употреба во овојзимски период. Паузата во работењето ќе се искористи за сервисирање на постоечката опрема и дополнително санирање на одредени градежни работи-стои во соопштението до општината.
