Поскапуваат и бензинот и дизелот

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се зголемува за два ипол денари за литар, додека дизел-горивата поскапуваат за два денари.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 78 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 80 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 70,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари за литар и тоа ќе се продава по 70,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,473 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и ќе се продава за 44,507 денари за килограм.

 

Коментари

коментар(и)