По Шекеринска, и Царовска најави заминување од Владата

Министерката за образование Мила Царовска најави дека нема да биде дел од новата влада на идниот премиер Димитар Ковачевски.

-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

Минатата недела и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска најави заминување од Владата.