Празнична прослава на Митровден в петок во селото Тромеѓа

Во црквата „Свети Димитриј“ во село Тромеѓа, кумановско во петок ( 7 ноември) со почеток во 18 часот ќе биде одбележан празникот Митровден.

На празничната прослава ќе настапат македонските изведувачи Орце Стефковски, Јована Богдановска и Гоце Синтезис.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да присуствуваат и заеднички да го одбележат Митровден, еден од најголемите есенски христијански празници.