Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата, поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , согласно добиениот акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари, 2024-2025 г.) од министерството за животна средина и просторно планирање препорачува до граѓаните одредени мерки: да се користи јавниот превоз, да не се користат возила без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва и строга забрана на горење на отворено.
Од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следните препораки поради надминување на Праг на информирање: ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор.
Од секторот за инспекциски надзор-Инспекторат од Општина Куманово информираа дека континуирано вршат редовни инспекциски надзори согласно месечните планови и годишниот план.
–Во однос на вонредни инспекциски надзори, тие се извршуваат по службена должност, како и по добиени пријави/иницијативи поднесени од правни и физички лица и за тие пријави инспекциската служба изрекува инспекциски мерки, се носат инспекциски акти и дејствија и се изрекуваат казни во случаи на сторен прекршок. Граѓаните секое сознание за загадување на животната средина и здравјето на луѓето можат да го пријават по писмен пат преку поднесување на барање во архива на Општина Куманово, како и по електронски пат на e-mail адреси истакнати на сајтот на Општина Куманово, додаваат од секторот за инспекциски надзор.
