Приведени жители на Опае заради поголема количина тутун

Две лица на возраст од 56 и 58 години од липковското село Опае биле приведени завчера заради поседување поголема количина на тутун, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според полицијата, при извршен претрес кај нив по судска наредба била пронајдена поголема количина тутун и машина за режење тутун.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.