Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 25 и 35 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на изминатата сабота во угостителски објект во Куманово каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Куманово и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл.387 од КЗ“, соопшти СВР Куманово.
Освен во Куманово, контроли се извршени и на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и приведени се вкупно 17 лица, поради постоење основи на сомнение за непочитување на одлуката.
