Триесет и шестгодишен кумановец е лишен од слобода, за издржување затворска казна. Имено, полициски службеници од СВР Куманово утринава во 04:45 часот, го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.М, откако за него била издадена судска наредба, а се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело . J.M. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната, информира полицијата.
Приведено лице за издржување затворска казна
