Приведен кумановец, возел во алкохолизирана состојба

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека утрово во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај лишиле од слобода 31-годишен кумановец.

Според СВР Куманово, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“ и по преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.