Приведен кумановец за „тешка кражба“

СВР Куманово информира дека вчера во 09.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово,  лишиле од слобода 25-годишен граѓанин на  Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 236 став 1  од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка, соопштија надлежните.