Кумановец ноќва бил приведен на Граничниот премин „Долно Блаце“ по претходна судска наредба за негово апсење.
МВР информира дека изминатата ноќ, половина час по полноќ, при извршени гранични проверки било констатирано дeка 50-годишен жител на селото Черкези се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по судска наредба од Основен суд Куманово.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
