Приведен скопјанец на граничниот премин Табановце

На влезот на граничниот премин „Табановце” вчера е лишен од слобода 26-годишен скопјанец, со привремен престој во Франција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, при извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило „бмв” со национална ознака на Р. Франција, сопственост на посоченото лице, било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот.

Возилото било одземено со потврда, додека лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.  По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.