Прием на кошаркарски репрезентативци во oпштина Куманово

Градоначалникот на oпштина Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари средба со играчите на македонската кошаркарска репрезентација, селекторот Марјан Илиевски и претседателот на КФСМ, Томица Главчев.
Приемот е во пресрет на натпреварот со Романија, кој ќе се одигра на 2 август, во реновираната спорстка сала во Куманово и го означува почетокот на претквалификациите за светскиот куп 2027.
На средбата се разговараше за организацијата и  логистичката поддршка од страна на oпштината, како и за важноста на овој настан за спортскиот и културен развој на градот.
Со претстојниот спортски настан симболично се одбележуваат националните празници Илинден и АСНОМ.