Активно се работи на реконструкција на училишната зграда во СОУ гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово. Се поставува нова енергетско ефикасна фасада, се врши замена на покривната површина и поставување на нова изолација, во училишната спортска сала се поставува нова гумирана подлога, а следува и обнова на ѕидни површини и спортските реквизити.

-Се врши молерисување и поставување на ново ЛЕД осветлување во училниците, извршена е замена на старите прозорци во училниците, училишните ходници и административни простории со нови прозорци со термопан стакла-напиша на Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

И покрај зафатот непречено се изведува наставата во училишниот објект кој е изграден во средината на 40-тите години од минатиот век.
