Ракометарките на Куманово со победа над Металург

Дека дерби натпреварите им одат од рака на ракометарките на Куманово сезонава, доказ е и мечот од вчера, кога го совладаа и составот на Металург со резултат 18:30.

Иако Металург влезе како фаворит во средбата која се одигра во Автокоманда, избраничките на тренерот Зоран Јосимовски им го зададоа првиот пораз сезонава, по .. одиграни кола.

Кумановки и во првото полувреме прикажаа желба за победа во овој натпревар, и имаа водство пред најголемиот ривал за титулата во оваа сезона. По одиграните 30 минути на паркетот заминаа на пауза со резултатот 9:13.

Изненадувачки добрата одбрана и извонредниот напад на ЖРК Куманово само ја зголемуваше предноста секој момент во вториот дел од средбата, за да на крај конечно тирумфираат среде Скопје со 18:30, испраќајки порака до Металург дека за титулата ќе се борат до крај.

Со осум голови најефикасна кај ЖРК Куманово беше репрезентативката Александра Боризовска, а со еден погодок помалку и  Јована Кипријановска.

Со шест погодоци најдобра кај Металург беше Јана Калајџиева.

По овој дерби натпревар Куманово е на втората позиција, додека со два бода повеќе на врвот и натаму се наоѓа Металург.

Следниот натпревар кумановки го играат на домашен терен со ЖРК Деспина.

Коментари

коментар(и)