Реконструирани улици и поставени детски катчиња во Куманово

Повеќе улици се изградени за неполни четири месеци на територијата на Општина Куманово, а градот е побогат и за четири детски катчиња.

Како што информираат денеска од Општина Куманово од јануари до сега асфалтирани се 6.431 мери квадратни површина, а бекатон е поставен на површина од 11.743 метри квадратни.

 Изградена е и атмосферска и фекална канализација во должина од шестотини метри.

– Од почетокот на оваа година до сега  општина Куманово спроведе значајни инфраструктурни проекти, со цел подобрување на урбаните и руралните области, велат од локалната самоуправа.

Како што потенцираат од Општината, направени се три детски катчиња, на градскиот кеј , во населбата Перо Чичо и во Зелен Рид, се наведува во соопштението.