Во рамките на завршните активности од проектот „Еко едукативен центар за деца и млади“, Младинскиот совет ќе го претстави резултатот преку Божиќен пазар, кој ја пренесува пораката за мотивираност и стремеж кон поодржливо и почисто Куманово.
Цел на проектот е да го зајакне генерацискиот капацитет на младите луѓе, преку едукација и активно учество со зелени и иновативни решенија, со цел да создадат долгорочен и одржлив еколошки и економски развој на заедниците.
Проектот се разлизира како дел Јавен повик за граѓански организации и фондации од Општина Куманово за 2025 год. со број 09-4768/1 од 12.03.2025 год, согласно Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, со број 09-3458/10 од 25.02.2025 год.
Проектот „Еко-едукативен центар за деца и млади” се реализира од страна на Зелена градба Асоцијација Куманово од Куманово, во партнерство со Здружение за развој и унапредување на туризам, земјоделие и сточарство ЗОРА РАНКОВЦЕ.
