Саем на мед во „Ла плаза мол“

Кумановци денеска имаа можност да ги посетат штандовите поставени во трговскиот центар „Ла плаза мол“ и да купат природен мед и други пчелни производи од локални производители, членови на пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово.

Дводневниот саем на мед продолжува и утре во периодот од 10 до 20 часот.

„ Најважно е граѓаните да знаат од кого купуваат мед, да се запознаат со нашите пчелари и да се уверат дека медот е природен. Само така ќе успеат да го препознаат вештачкиот мед со сомнителен квалитет кој се продава во одредени продавници и маркети“, вели Бобан Стошевски, претседател на здружението „Пчела“ Куманово.