Санкционирани возачи кои вршат јавен превоз

Во текот на вчерашниот ден  (16.12.2021) од 12.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена е акциска контрола  за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се четворица возачи. При контролата, три возила се исклучени поради неисправен уред за запирање и едно возило за неисправни светлосно сигнални уреди.