Министерството за внатрешни работи во акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционираше 167 возачи.
Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место, информира МВР.
