Кумановската полиција вчера спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои 5 биле откриени со т.н. „ноќен радар“.
Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
