Свечена комерација во чест на Момчило Јовановски

Вчера на вечното почивалиште беше испартен поранешниот прв човек на градот Момчило Јовановски, истакна работник во општествено-политичкиот и стопанскиот живот во Куманово.

Денес во просториите на Општина Куманово во негова чест беше организирана свечена комеморација, на која се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.

Со неговото заминување остана длабока празнина во сите нас. Семејството зигуби добар сопруг, грижлив родител, сакан дедо и пријател. А сите ние, човек што остави длабока и неизбришлива трага во градот во кој што се роди, во кој што живееше, работеше и вредно го градеше низ годините на својата сестрана ангажираност. Секогаш беше присутен меѓу своите граѓани, на разни собири, на улица, на плоштад. Со секото имаше топол човечки однос, таков го познаваат кумановци уште од најраната младост. Горди сме што го имавме меѓу нас, неговиот лик секогаш ќе остане во трајно сеќавање на сите нас – рече Дамјановски.

Момчило Јовановски е роден на 1 август 1931 година во Куманово каде завршува гимназиско образование, а потоа и економски факултет во Скопје. Професионалната кариера ја градел како економист во фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, бил генерален директор на ЗОИЛ Македонија, како и директор на АГРО Индустристкиот комбинат Куманово. Како истакнат општествено политички работник од 1974-1978 е претседател на СОБОР на здружен труд во Општина Куманово. Од 1978 до 1982 година е претседател на извршниот совет на Собранието на општината.

Во 1982 година станал претседател на Собранието на Општина Куманово. Како прв човек на градот важи со идеал за работна дисциплина, органзиација и одговорнсот, залагајќи се за успешен развој на градот. На оваа функција останува до 1986 година.

Коментари

коментар(и)