СДСМ во посета на Домот за стари лица

Лидија Тасевска и Мартин Захариев, кандидати за пратеници во втората изборна единица на листата на СДСМ денеска ги посетија старите лица во домот „Зафир Сајто“ каде презентираа дел од мерките кои ги предвидуваат за повозрасните категории граѓани.

Нашиот план предвидува усогласување на пензиите два пати годишно, односно на секои шест месеци во зависност од промената на цените, односно во зависност од животните трошоци на граѓаните. Ова усогласување ќе биде законски и редовно два пати годишно, без да се фалиме дека посебно нешто сме направиле односно сме усогласиле нешто што не им припаѓа на пензионерите. Предвидуваме социјалните станови да прераснат во колективни стамбени заедници каде што ќе бидат сместени сите ризични категории на граѓани кои имаат потреба од тоа – рече Тасевска.

Како што потенцираше Тасевска, држава ќе им помогне на оние стари лица чии семејства нема да можат да одвојат финансиски средства за сместување во старски дом.

Во насока на подобар, побезбеден и подостоинствен живот, планираме промени во здравствениот систем, што значи дека сите здравствени работници ќе добијат повисоки плати, од една страна да ги мотивираме да даваат поквалитетни услуги, а од друга страна за да можеме да овозможиме пристоен живот во  Македонија за да не се иселуваат во странските земји – додаде Тасевска.

Според Тасевска сите овие мерки ќе ја подобрат здравствената услуга на граѓаните.

Коментари

коментар(и)