СДСМ: Изградба на откупен земјоделски центар

„Една од најважните и најконкретни иницијативи во нашата програма е изградба на oткупен земјоделски центар во Куманово“, кажа на денешната прес-конфереција, Слаѓана Антиќ, кандидатка за советничка во Советот на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата.

„Куманово отсекогаш било место на вредни луѓе, луѓе кои создаваат род и заслужуваат фер можност тој род да биде продаден по достоинствена цена. Овој проект опфаќа: изградба на простори за прием и сортирање производи, складишни капацитети со современи системи за чување и конзервација, административен дел за управување и техничка поддршка, логистички капацитети за дистрибуција и транспорт, обезбедување инфраструктура за лабораториски контроли и квалитетни простории за обука и едукација на земјоделците“, кажа Антиќ.