СДСМ како опозиција во Советот воведува нова пракса на комуникација со јавноста и по секоја седница ќе информираат за новите одлуки и за нивните политички ставови во однос на нив, соопшти координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Александар Јовановски.
„Финансиските квартални извештаи на сите јавни претпријатија се за жал катастрофални, негативни, и тоа го докажува лошото водење и менаџирање со градот од страна на ова непринципиелна и неспособна коалиција на власт. Од друга страна се доведува во прашање конечната услуга која граѓаните ја добиваат како даночни обврзници. На дневен ред беа и предлог- плановите за вработувања за 2025 година, во јавните установи и Општината. Доминираат унапредувањата во службата без работни места кои се потребни и дефицитарни, за кои немаат план, ниту визија како да се раелизираат во иднина. Со тоа докажуваат дека ова коалиција на власт што веќе трета година покажува дека не ја води и не ја менаџира општината, односно јавните установи и институции како што треба.
Ние сме отворени за разговор, ќе седнеме и на комисии ќе разговараме, меѓутоа нашиот став оди во заштита на јавниот интерес и пред се интересот на граѓаните. Дополнително оптоварување без зголемување на услугата, давање на нова или подобрување на постојната за нас е тотално неприфатливо.
Имајќи ја предвид обемноста на седниците цениме дека се премногу долги со премногу точки на дневниот ред кои често пати и физички е невозможно да се испрати целата седница, граѓаните остануваат незапознаени со одлуките кои се носат“, изјави Јовановски.
