Седум гранати пронајдени при ископ во Отља

Седум неексплодирани гранати биле пронајдени во село Отља, липковско при ископ за поправка на водовод, информира кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирал дека станува збор  за гранати од рачен ракетен фрлач кои најверојатно потекнуваат од 2001 година. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)