Се уште се трага по исчезнатата кумановчанка

Од 27ми август на седумдесет и едногодишната Душанка Митровска од Куманово и се губи секаква трага, откако исчезна од нејзиниот дом лоциран на улицата „Тоде Думба“.

Од СВР Куманово велат дека истата се уште не е пронајдена, но дека потрагата продолжува се додека не даде резултати. Без успех е и потрагата на семејството, кое во очај бара било каква информација која може да помогне во нејзиното пронаоѓање.

Вечерта кога исчезнала истата била видена како се упатува кон населбата Гоце Делчев, а роднините велат дека според информациите кои ги добивале од граѓаните истата била видена во близина на ООУ „Бајрам Шабани“ и градскиот пазар во Куманово, но сепак таму не била пронајдена.

Митровска имала здравствени проблеми и претходно не излегувала во текот на ноќта без придружба од некој член на семејството, но вечерта на 27 август останала сама во домот по што и се губи секаква трага. Била облечена во пижами и сина блуза. Има кратка костенлива коса и е на средна височина.

Роднините го губат трпението од ден на ден, но не се откажуваат. Апелираат до сите граѓани кои мислат дека ја виделе да се јават на семејството на бројот 078 334 953 или во најблиската полициска станица.

Коментари

коментар(и)