Десетина илегални мигранти од Сирија изминатиот викенд биле затекнати од полицијата кај кумановското село Табановце, соопшти МВР.
Според билтенот на полицијата, на деветти декември околу 20.15 часот на автопатот „Пријателство“, на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, во близина на с.Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле затекнати 13 илегални мигранти од Сирија. Како што додаваат од полицијата, мигрантите претходно биле истоварени од три патнички возила, а возачите заедно со возилата го напуштиле местото.
– Известен е Јавен обвинител, а лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, велат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
