Соработка помеѓу Рош Македонија и Триглав Осигурување

Рош Македонија и Триглав Осигурување започнаа стратешка соработка во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, со вклучување на услугите на Foundation Medicine во полисите за осигурување на малигни заболувања.

Овој новитет во доменот на дијагностицирање и одредување на терапија кај пациентите со малигни заболувања е дополнување на постоечкото покритие за малигни заболувања, коешто е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав Осигурување.

Услугите на Foundation Medicine вклучуваат геномско профилирање на туморот во метастатска и напредна фаза, со цел  добивање на детални информации, кои што им помагаат на лекарите во креирање на персонализиран терапевтски пристап.