Спортската сала официјално ќе биде пуштена во употреба на Илинден

На 2 Август официјално ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала во Куманово.

Свеченоста ќе се одржи во 19.30 часот пред почетокот на кошаркарскиот натпревар помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и Романија, во организација на КФСМ, како претквалификации за Светски куп 2027.

На присутните ќе им се обрати градоначалникот Максим Димитриевски.

На свеченоста поканет е и премиерот Христијан Мицкоски.