По 10 пат вчеравечер во кумановскиот Народен театар се одржа традиционалната „Светосавска академија“ по повод националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава.
Настанот беше во организација на Српската заедница во Македонија, а истиот беше збогатен со културно-уметничка програма уметници од земјата и Србија.
Вечерва ние дојдоа веќе гости до Република Србија, од Белград, пејачката на етно музика, Даница Крстиќ, глумецот Момир Брадиќ заедно со Весна Павловиќ, од Скопје ни дојдоа музичари кои што ќе изведат две прекрасни српски песни, Александра Коцевска мецо сопран, Глигор Гелебешев клавир и Наташа Диденко виолина. Во продолжение на програмата ќе настапи во два наврата културно – уметничкото друштво „Српски вез“ прв пат ќе излезе и ќе се претстави со кумановски сплет и втор пат со „шопски игри“- рече Горан Зафировиќ, претседател на Регионален одбор на српската заедница во Куманово.
Во програмата свои настапи имаа и учениците од Основните училишта „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричино и „Браќа Миладиновци“ од Куманово.
Замник министерот за култура во Република Македонија, Драган Недељковиќ не сакаше да го коментира последното заострување на надворешните односи на двете држави, но рече дека ниту една изјава на политичарите не може да ги раздели братските народи.
Од едно лошо влијание пред 2000 година кога и не бевме спомнати во Уставот, сега веќе е друга приказна, ние сме составен дел од Република Македонија, во Уставот сме, така да сите права што ги уживаат другите заедници во Република Македонија, така и Србите, се надеваме дека секој ден ќе се подобрува ситуацијата за нас Србите, затоа што ние сме 2% во Република Македонија и согласно со процентите, бројките такви права уживаме – рече Драган Недељковиќ, замник министер за култура во Република Македонија.
Вечерва во Скопје ќе се одржи централната прослава на парзникот во Македонскиот народен театар, а вакви манифестации се организираат и во останатите градови каде живее српско малцинство.
Според последниот попис во Куманово живеат 9.600 Срби, а како што вели Зафировиќ време е државата годинава да спроведе попис за да се добијат и понови бројки за тоа колку членови има српската заедница во Македонија.