Српското МВР потврди: Осум деца убиени во училиште во Белград и обезбедувањето

Српското Министерството за внатрешни работи соопшти и потврди дека осум деца се убиени во пукањето што се случи утрово во центарот на Белград и обезбедувањето на училиштето.

Ранети се шест деца и еден наставник кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар.

Ученик од ова училиште К. К. (14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, бил пронајден и уапсен во училишниот двор, информираат од МУП.

Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија.

 

 

 

Коментари

коментар(и)