Вечерва со почеток во 22.30 часот ќе имате можност да ја проследите стотата емисија „За Куманово“ на авторот Марјан Стошевски. Низ емисиите преку разговорите со кумановци, секој од нив познат во одредена област, професија, хоби и слично, дознавме многу интересни податоци и корисни информации кога станува збор за нашиот град.
Во јубилејната -стота емисија гостува музичката легенда Нино Величковски, а пред две ипол години кога започна емитувањето на емисијата на ТВ Плус, гостин беше кумановецот Мирослав Стојанов.
На нашиот соработник Стошевски, му посакуваме уште многу успешни емисии во идниот период.
