Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие евидентирала две интервенции.
Во Агино Село пожарникарите од Куманово гаснеле запалено стрниште, а во кумановско Зубовце интервенирале на опожарена сува трева.
И нивни колеги од Старо Нагоричане гаснеле опожарено стрниште во Младо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
