Традицонален риболовен куп во Пчиња

Риболовното друштво „Пчиња“ од Куманово традиционално и оваа година во атарот на селото Пчиња организираше традиционален риболовен куп, на кој учество зедоа неколку екипи од Македонија и Србија.

За три часа колку што траеше купот, риболовците остварија улов од четири и пол килограми, а победници беа домаќините од кумановското риболовно друштво.

Моментално сме презадоволни од нашиот ревир, односно тоа е пребогато со рибра, што се виде впрочем и денеска со големата килажа на уловена риба за три часа, тоа е како знак на добра заштита на ривата, која се должи на рибочуварската служб аи во текот на претходните две години, намалено е во голем број рибокрадството, зголемен е рибниот фонд со масовните порибувања кои беа и миантата и предминатата година, така да сме презадоволни од реката – изјави Роберт Лазаревски, претседател на риболовно друштво „Пчиња“.

Како што истакна Лазаревски, друштвото брои 650 членови, а во последните години се забележува и зголемување на бројката. Меѓу членовите има и пионери на возраст од пет до шест години, рекреативци, но и спортски риболовци.

Спортските риболовци се во делот на спортот, оваа година учествувавме на државното првенство каде што во екипна конкуренција до 15 години совоивме второ место и во екипна конкуренција сениоери освоивме четврто место – изјави Роберт Лазаревски, претседател на риболовно друштво „Пчиња“.

Еден од добитниците на првото место е Мирољуб Паунивиќ член на риболовното друштво „Пчиња“ кој веќе околу 25 години се занимава со спортски риболов.

Успеавме да бидеме први, како домаќини, среќа наша, желба до другите учесници во анреднит екупови да остварат подобри резултати. Денеска учествуваа околу 17 екипи, поканети од наша страна како домаќини, секоја екипа броеше по тројца натпреварувачи се натпреваруваа во три групи пдоелени, секоај поединечно во секоја сесија – вели Мирољуб Паунивиќ, член на риболовно друштво „Пчиња“.

Овдека повеќе години сум се натперварувал, има риба, искусен риболовец сум, сум бил на шест светски првенства, меѓународни не знам колку, уловот беше многу убав, стазата, патеката домаќинот. Во последното време рибниот фонд е многу зголемен во реките, многу се чува концесионерите си ја работат својата работа, се порибува многу, секоја година секоја онцесионер на својот вир си порибува, зависи од која врста риба има потреба – изјави Миланчо Миров од Велес.

Второто место од риболовниот куп замина во Ниш, додека третопласирана беше риболовната екипа од Радовиш.

Коментари

коментар(и)