Трансфузиологија Куманово со доволен број крвни единици

Службата за трансфузиона медицина во Куманово располага со доволен број на крвни единици од сите крвни групи, информираат надлежните, со апел особено до помладата популација да земат поактивно учество во крводарителските акции. Дарувањето крв освен што е хумано и здраво, носи и одредени бенефити за крводарителите, особено за граѓаните кои што дарувале крв повеќе од десет пати.

Возраста на крводарителите е од 18 до 65 години. Трипати годишно може да даруваат крв  жените, а на три месеци, односно четирипати годишно – мажите.

Повеќе детали на оваа тема од изјавата на д-р Дритон Биљали од Службата за трансфузиона медицина во Куманово.

Коментари

коментар(и)