Театар Куманово вечер со почеток во 18 часот ќе ја изведе детската претстава „Трнорушка“ која слави пет години од првата изведба.
„Трнорушка“ освен во Куманово, актерите ја изведуваа и надвор од државата. На 13 мај, Театар Куманово ќе гостува на Меѓународниот фестивал за деца и млади „Волшебната завеса“ во Трговиште, Република Бугарија.
Во претставата играат Владанка Крстевски, Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ и Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, сценографијата на Крсто Богојевски, текстот го адаптираше Зоран Зафировски, костимите се дело на Дарко Илиевски, а музичка поддршка обезбеди Александар Митрички.
