„Трофеј 11 Октомври“

Стотина учесници од велосипедските клубови од Македонија и Бугарија денеска беа дел од традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ која се одржа во Куманово по повод Денот на востанието.

Манифестацијата денеска ја збогатија и околу 80 дечиња од градинката „Ангел Шајче“ како и основци од училиштата во градот.

Организатори на трката се велосипедскиот клуб „Вело М Термалифт“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Трката започна пред спортската сала, а се возеше по булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“ во должина од над 3.000 метри.

Манифестацијата се одржува по 11ти пат, а ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во присуство на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јовановски и претставничката на УНДП, Луиза Винтон.

Коментари

коментар(и)