Утре во период од 09 до 14 часот, група граѓани повторно ќе го блокираат алтернативниот пат кај Искрин мост. Овие жители претходната седмица во понеделник и петок, излегоа на протести, од кои побараа да им се направи безбеден пат, а не импровизирани мостови направени од цефки. Бараат и патна сигнализација.

По одлука на ресторното министерство Искрин мост е затворен сто дена, откако беше утврдено дека при реконструкција е изместен еден од носечките столбови за 70 сантиметри.
