Ученици од СОУ „Перо Наков“ на обука во Литванија

Ученици од средното општинско училиште „Перо Наков” заедно со ученици од уште три училишта од Литванија, Романија и Полска ја реализираше првата предвидена мобилност од проектот насловен како „Учење преку воннаставни активности”

Проектот е дел од „Еразмус +“ програмата, а првата активност беше реализирана во градот Плунге минатата недела каде учество зедоа тројца средношколци од градот заедно со својот ментор Бојана Ивановска Димитриевска.

Целта на овој проект е всушност размена на искуства помеѓу овие четири партнер училишта во однос на реализирање на овие воннаставни активности, така што мислам дека со овие обуки коишто ги имавме во Литванија, а ќе продолжат и во останатите партнер училишта ќе имаме огромна и прекрасна можност да видиме на кој начин училиштата во другите партнер земји реализираат часови надвор од училиште. Мислам дека и ние овде имаме доволно капацитети тука во општината заедно со наставниците кои работат во нашето училиште да спроведеме такви активности да реализираме часови во нашиот музеј или во нашата библиотека со што ние веќе и почнавме. Како дел од проект веќе училиштетот организираше такви часови по англиски и македонски јазик во просториите на нашата градска библиотека – изјави Ивановска Димитриевска.

Во рамките на воннастанвните активности, ученици од СОУ „Перо Наков“ веќе организирале час по историја во скопската џамија, како и еко час на кој учениците саделе цвеќиња и дрвја.

Ги посетивме часовите по физичко, т.е. по спорт, математика, историја, литвански и англиски, часовите беа одржани надвор од училиштетот во музеј, библиотека, национален парк и во другите институции. Добрата соработка, креативноста, интересните активности – изјави Кирче Киревски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

Сите учесници добија сертификати за учество на обуката која е во рамките на програмата поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Следните активности предвидени во овој проект ќе се одржат во мај на при што домаќин ќе биде партнер училиштето од Романија.

Коментари

коментар(и)