Физичка пресметка во затворот во К’шање

Две лица физички нападнале лице кое издружувало мерка притвор во кумановскиот затвор Кшање, информира полицијата.

Во секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека во казнено – поправна установа затвор К’шање – Куманово, Б.С. кој издржувал мерка притвор бил физички нападнат од Б.И. и Ш.Д., затвореници во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)