Физичка пресметка помеѓу петмина кумановци

Пет лица од Куманово го нарушиле јавниот ред и мир викендов со физичка пресметка во центарот на Куманово.

МВР соопшти дека на 19 ноември годинава во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ленинова“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 18 -годишен жител на село Пчиња, 21- годишен жител на Агино Село, 22- годишно момче од село Режановце, 32 -годишен жител на Пчиња и 25- годишен жител на Агино Село. Од полицијата информираат дека по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)